Членство

 

Членството во off road клубот 4х4.мк е доброволно, и него може да го сочинуваат граѓани, односно физички и правни лица на Република Македонија кои ги прифаќаат целите и задачите утврдени со Статутот и Птавилниците, како и странски државјани кои имаат регулиран престој во Република Македонија.

Членовите на off road клубот 4х4.мк можат да бидат придружни, полноправни и почесни.

Зачленувањето во off road клубот 4х4.мк се врши со поплнување на пристапница. Доколку пристапницата биде прифатена од Собранието на off road клубот 4х4.мк потенцијалниот член уплаќа членарина во висина од 1.200,00 денари годишно и се стекнува со статус на Кандидат за член со времетраење од една година.

По истекот на една година, доколку Кандидатот за член побара а Собранието на off road клубот 4х4.мк одобри, Кандидатот за член се стекнува со статус на Придружен член и му се издава членска карта за тековната година. Членската карта се издава на почетокот на секоја календарска година и има важност во тековната година за која е издадена. По истекот на тековната година на Придружниот член му се издава нова членска карта за соодветната година. Доколку членството не биде обновена, односно не биде платена членарината на почетокот на секоја календарска година согласно рокот од 15 Јануари, членството автоматски престанува. Придружните членови не учествуваат во работата на Собранието на off road клубот 4х4.мк.

Во зависност од залагањата и придонесот во активностите и работата на off road клубот 4х4.мк, Придружниот член доколку побара а Собранието на off road клубот 4х4.мк одобри, Придружниот член се стекнува со статус на Полноправен член и му се издава соодветна Потврда. Полноправните членови учествуваат во работата на Собранието на off road клубот 4х4.мк.

Почесни членови се лица кои имаат особен придонес во основањето и работата на off road клубот 4х4.мк. Почесните членови во исто време се и Полноправни членови и учествуваат во работата на Собранието на off road клубот 4х4.мк. Почесните членови не плаќаат членарина.

Членството во  off road клубот 4х4.мк престанува:

  • Со самоволно истапување;
  • Со кршење на дисциплината, недолично однесување, и уривање на угледот на организацијата;
  • Со неплаќање членарина;
  • Со исклучување, кога членот ќе ги прекрши одредбите на Статутот и/или Правилниците на off road клубот 4х4.мк;
  • Со губење на граѓанските права;
    Одлуката за исклучување ја  донесува Дисциплинската комисија именувана од Собранието на off road клубот 4х4.мк;

Членството во off road клубот 4х4.мк обезбедува:

– Право на учество на сите настани кои ги организира клубот (вклучително и членовите на неговото потесно семејство).

 

Податоци за уплата на годишна членарина:

Корисник:                 Офф роуд клуб 4х4.мк

Банка:                         Стопанска банка А.Д. – Скопје

жиро сметка:            200002252365212

цел на дознака:        Уплата на годишна членарина

износ:                          1.200,00 денари