Врз основа на член 16 и 18 од Законот за здруженија и фондации и согласно Статутот на Здружението ОФФ РОУД КЛУБ 4х4.МК од Скопје, со скратен назив 4х4.МК, основачите на здружението на седницата одржана на 25.10.2010 година ја донесоа следнава

П Р О Г Р А М А

за дејствување на Здружението ОФФ РОУД КЛУБ 4х4.мк – Скопје.

Со оваа програма се утврдуваат основните насоки во севкупната активност и дејствување на членовите на Здружението ОФФ РОУД КЛУБ 4х4.МК – Скопје, со скратен назив 4х4.МК и со седиште во Скопје, заради остварување на целите и задачите на здружението, непосредно зададени во Статутот и другите акри на Здружението.

Програмската ориентација за дејствување на Здружението се утврдува за период од 10 години а истата ќе се операционализира во годишни програми кои ќе се донесуваат на редовните собраниски седници.

Здружението самостојно и во соработка со други организации и институции од земјава и странство ја поттикнува и афирмира офф роуд културата и рекреацијата, врши дејности и активности за реализирање на личноста во взаемните релации и контакти на повеќе нивоа од областа на офф роуд спортот и рекреацијата како и офф роуд движењето и дружењето како спорт и рекреација и сите активности поврзани со овој спорт и рекреација.

Омасовување и развој на офф роуд спортот, движењето и дружењето како спорт и рекреација и сите активности поврзани со овој спорт, особено преку учество и организација на државни и меѓународни натпревари и манифестации.

Во контекст на основната цел Здружението ќе се залага и за:

  • Поттикнување и размена на искуства и знаења;
  • Самостојно и во соработка со други клубови да го развива и унапредува офф роуд духот;
  • За поттикнување иницијативи за донесување закони и прописи за унапредување на офф роуд културата;
  • За подигнување на сообраќајно-техничката култура на членовите и другите учесници во сообраќајот како и за учество во сообраќајно-техничкото воспитување на младите;
  • За взаемно запознавање на културните и историските вредности како и рекреативни активности;
  • Залагање за ширење на офф роуд спортот и културата во и надвор од државата;
  • Да врши и други работи и активности кои се од заеднички интерес за членовите на Клубот а се утврдени со Закон или друг акт;

 

Оваа програма ќе се остварува преку:

  1. Организација на разни офф роуд рекреативни, крос кантри, рели, ендуро и брзински натпревари, учество во истите како и натпреварување во државното првенство;
  2. Едукација на населението во оваа област;
  3. Истражувачки активности на терен од областа на офф роуд спортот и рекреацијата;
  4. Организирање на разни собири, игри, возења низ и надвор од државата, посети на други офф роуд настани;
  5. Организирање на рекреативни активности;
  6. Здружување на сите ентузијасти и професионалци со цел омасовување и зголемување на интересот за овој вид спорт и рекреација;

 

Здружението поради остварување на своите цели и задачи преку својата работа и работата на своите секции и работни тела се организира и делува на целата територија на Република Македонија и надвор од неа.

За постигнување на поставените цели и задачи здружението ќе соработува со невладини организации и здруженија на граѓани кои имаат исти или сродни програми а пред се со спортски, просветно-образовни, научни и други организации и друштва.

Остварувањето на целите и задачите, односно остварувањето на богатите содржини во програмските активности и дејствувањето на Здружението ќе се спроведува преку организирање на разни собири, игри, возења низ и надвор од државата, посети на офф роуд настани, спортски и рекреатини активности.

Воедно ќе се организираат разни офф роуд рекреативни, крос кантри, рели, ендуро и брзински натпревари, учество на истите, како и натпреварување во државното првенство.