Одговорно однесување!

Водич за одговорно off-road возење

ВОВЕД
Не ја наследивме земјата од нашите родители.

Ја позајмивме од нашите деца.

Индијанска поговорка
За многу од нас, уживањето во природа стана важна форма на рекреација, начин да “се побегне од сè.” Кампување, велосипедизам, стрелаштво, кајакарство, пешачење, јавање, собирање на шумски плодови … сето тоа стана многу популарна. Една од причините е и тоа дека теренски возила (4 × 4) ги прават далечните делови на нашата планета лесно достапни.

Дивината во сите нас буди чувство на авантура, желба за истражувања и уживања кои ги носат откритијата. Меѓутоа, наша обврска кон природата во која се движиме е  да се грижиме за неа и домаќински да се однесуваме кон неа, исто како што би се однесувале и во сопствениот дом.

Низ “Одговорно однесување“-Водич за одговорно теренско возење, ќе ви помогнеме да се подготвите за одговорно уживање во предизвиците на беспаќата и воопшто за престој во природа, да ве оспособиме за ваше позитивно влијание врз природното опкружување и луѓето околу вас.

Да тргнеме во светот на одговорно теренско возење, движејќи се полека….

Што е “Одговорно однесување“?

“Одговорно однесување“-е образовен проект посветен на ширење знаења за тоа како да уживате во природата, а притоа да го минимизирате влијанието на човекот врз неа. Тоа ја нагласува потребата за одговорна употреба на теренските возила и другите средства со кои се движите низ природата и принципите да се минимизира влијанието на сите видови на рекреативна активност. Тоа е долгорочна програма за ширење на информации за подигање на свеста за се она што е потребно да се направи се со цел да се зачуваат дивите региони на нашата планета онакви кави што се за идните генерации, програма која нè учи како да се биде одговорно лица чие што однесување заслужува право да продолжи да ја користи и посетува.

“Одговорно однесување“- програмата беше поттикната од шумската администрација на САД во 1985. со цел да се заштити земјиштето во приватна и државна сопственост.

Наскоро програмата беше прифатени и од страна на Агенцијата за управување со земјиштето во 1990 година. “Одговорно однесување“, прерасна во непрофитна организација која ангажира голем број на ентузијасти, не само во САД, туку и во целиот свет. Програмата неодамна се прошири и на рекреативните активности на вода.

“Одговорно однесување“, соработува со голем број на производители на рекреативна опрема и медиумски компании, за да се консолидира една заедничка цел – грижата за животната средина. Заштитата на природата преку едукација е нивната мисија. Обезбедување на иднината на земјата и водите на нашата планета е целта на “Одговорно однесување“.

“Одговорно однесување“-пораката денес стигнува до луѓе од целиот свет. Преку партнерите на “Одговорно однесување“, лицата кои се заинтересирани за различни видови на авантури во природа, да научат како природата реагира на она што го правиме денес и да одредат како таа ќе изгледа утре и што можеме да направиме. Тоа се насоките кои “Одроворно однесување“ сака да ги упати кон љубителите на природата:

  • Патувајте и уживајте во слободните активности со минимално влијание врз животната средина.
  • Почитување на животната средина и правата на другите.
  • Дознајте за областите кои ги посетувате, направете план и подгответе се пред трзнување.
  • Осигурајте ја природата на идна употреба, оставете ја во подобра состојба отколку што сте ја нашле.
  • Откријте како ве наградува “Одговорното однесување“.

Чекор по чекор

Пред да заминете во вашата следна авантура во природа, малку подготовки можат да ви го направи животот полесен, да ја зголемите безбедноста, а во исто време да помогнат да се заштити животната средина. Подготовките за очекувни и неочекувани настани може да ви помогнат да го максимизирате времето кое ќе го поминете во природа, но, исто така, да ги елиминирате непријатните изненадувања. Планирајте однапред – 30 дена пред тргнување не е премногу рано.

Подготовки

Важно е да направите листа на потребна опрема за вашето возило и вашите лични работи. Исправно и редовно сервисирано возило е важен предуслов за безбедно да стигне до вашата дестинацијата и од таму сигурно да се вратите. Еве некои препораки што друго треба да се има предвид во подготовките:

  • Набавете карта на подрачјето кое сакате да го истражите (печатена или електронска). Откако ќе ја утврдите областа која ве интересира, проверете на кои подрачја е дозволен слободен пристап. Одберете го најбезбедниот пат во склад со вашите способности и проверете дали во таа област не се применуваат некои правила во врска со вашата безбедност и заштита на природата. Контактирајте ги институциите задолжени за стопанисување со тие површина. Тие можат да ви  обезбедат прецизни информации во врска со состојбата на патиштата и патеките, можни привремени блокади на одредени патишта, привремени или сезонски сообраќајни ограничувања, информации за специјални дозволи или правила во таа област а кои се однесуваат на движење на моторни возила. Ако областа до која сакате да стигнете или низ која сакате да поминете е во приватна сопственост, контактирајте го сопственикот за да добие дозвола. Распрашајте се за евентуални ограничувања.
  • Контактирајте го одговорниот орган или служба во областа со цел да проверите дали постои одредено време или област во непосредната околина која треба да се одбегнува: на пример, во време кога живиот свет е особено чувствителен на пречки (за време на парење или носење на свет на младенчињата), или кога земјиштето е премногу меко и придонесува кон продлабочување на дупките, и области кои се особено важни за заштита на ретките и загрозени растителни и животински видови, специфични шумски заедници, чувствителни почви, и области кои се проблематични, особено оние кои се популарни за туристите и кои што имаат негативно влијание врз животната средина.
  • Проверете ја долгорочната временска прогноза за областа која сакате да ја посетите. Невреме за кое не сте подготвени во најдобар случај може да биде многу непријатно искуство, а понекогаш и фатално.
  • Направете реален план и придржувајте се до него постојано. Известете го семејството и пријателите прецизно за тоа каде ќе одите, дури и ако тоа е еднодневно патување. Најдобро е да изработите отпечатен примерок од маршутата по која ќе се движите и еде примерок да оставите дома, за секој случај.
  • Осигурајте се дека за областа по која сакате да се движите не е потребна специјална дозвола или обука за возачите, и дека не е потребна некоја дополнителни опрема.
  • Пред заминување уште еднаш проверете ја исправноста на вашата опрема и размислете дали можеби сте заборавиле нешто (храна, гориво, вода, алат, резервни делови).
  • Добро распоредете ја тежината во вашето возило. Тешките предмети обидете се да ги сместите пред задната оска за подобра тракција.
  • Направете контрола и сервис на возилото пред заминување (особено ако знаете дека некои од компонентите се дотраени).

Сигурност на патиштата и патеките

Во Off road возењето, безбедноста треба да биде вашиот приоритет. Tреба да ги познавате своите, како и можностите на Вашето возило, ограничувањата кои ги наметнува подлогата по која се движите и секако да се придржувате кон принципите на здравиот разум и да не ги игнорирате предупредувањата на сопствената интуиција.

  • Патувајте во групи од две или повеќе возила, така што во случај на заглавување, несреќи или болест, некој може веднаш да ви помогне.
  • Употребата на мобилни телефони и радио станици може да биде многу корисна за координација меѓу возилата. Важно е да имате радио врска со сопатниците, во тој случај ќе можете да ги предупредите на опасност или да ги повикате на помош.
  • Врзете се! Сигурносните појаси не само што се пропишани со закон, туку можат да Ве спасат од непријатни удари и повреди кога возилото потскокнува совладувајќи тежок терен. Несреќи им се случуваат дури и на најдобрите 4 × 4 возачи.
  • Без алкохол кога возите! Off foad возењето бара максимум способности и беспрекорна моментална реакција, така што трезвеното расудување е од витална важност, дури и повеќе отколку при друмско возење. Дрогата и алкохолот можат да ве загрозат Вас и Вашите сопатници. Ако морате да земете лекови кои влијаат на моторни способности, препуштете го воланот на некој друг.
  • Избегнувајте возење откако ќе се стемни. Планирајте го вашето време така што ќе завршите со возење пред крајот на денот.
  • Држете поголемо растојание меѓу возилата. Возењето “на браник” е особено опасна во теренски услови и е сигурен начин да се судрите.
  • Патиштата и патеките во дивината не се тркачки патеки. Соживување со улогите на тркачите кои ги гледате на телевизија може да биде возбудливо, но имајте на ум дека off-road трките се одржуваат главно на патеки затворени за редовен сообраќај и под строги безбедносни мерки и надзор. Покрај ризикот дека со Вашето дивеење може да предизвикате оштетување на животната средина и самите патишта, се загрозувате себеси и другите учесници во сообраќајот кои се движат по истиот пат по кој возите.
  • Користете здрав разум. Спознајте ги вашите граници. Ако се сомневате во вашите способности за совладување на одреден пат, погледнете ја мапата и обидете се да најдете помалку ризична алтернатива, или замолете некој поискусен да го преземе управувачот.