Од идеја до реализација

Кои сме ние?

}        „4Х4.мк“ е off-road клуб чие формирање е резултат на интензивното едногодишно дружење на група off-road ентузијасти

◦         Љубовта кон теренските возила и возењето во природа го иницираше официјализирањето на здружението „Off-road club 4×4.mk“ и пуштањето во употреба на наменскиот веб-портал (во функција на официјално клубско гласило)

Целта на клубот 4х4.мк е

}        Главната инспирација и мотивација на клубот „4Х4.мк“ е самиот живот

}        Целта на клубот „4Х4.мк“ е да откриете дека и во вашиот живот има простор за авантура…

  1. Акција, адреналин и авантура
  2. Спорт и рекреација
  3. Возење по непристапни терени и пропратно (спонтано) дружење
  4. Престој и уживање во недопрената природа
  5. Запознавање со природните и културните убавини на Македонија

Авантуристички туризам

}        Авантуристичкиот туризам е специфичен вид на туризам кој го насочува (аван)туристот кон неоткриени, егзотични и тешко-достапни дестинации, каде туристот-авантурист го очекуваат „најнеочекувани предизвици и искуства“

}        На глобално ниво, авантуристичкиот туризам е туристичка категорија во забрзан пораст

◦         Авантуристичкиот туризам е со растечка популарност не само кај авантуристите по природа но и кај „обичните смртници“

Што е авантуристичка рекреација?

}        Авантуристичката рекреација е интерактивна рекреација во рамките на авантуристичкиот туризам

◦         Вообичаено, авантуристичките потфати и активности се превземаат заради рекреација и/или заради возбуда и екстра адреналин во процесот на натрпреварување со сам себе, со другите и со природата

◦         Од учесникот во авантуристичката рекреација се очекува да ја користи својата сопствена опрема (на пример: своето сопствено off-road возило) и да и ги стави на располагање на групата/конвојот сите свои релевантни вештини

Зошто авантуристичко образование?

}        Авантуристичките потфати резултираат и со авантуристичка едукација/образование (подеднакво свесно и несвесно)

◦         Потврдено е дека авантуристичките потфати водат и кон стекнување на нови знаења, и тоа многу пати досега… некогашните пионери кои низ вековите ги откриваа и успеаа да ги мапираат и најдалечните континенти и земји на планетата Земја

◦         Во поново време т.н. „свемирските пионери“ кои не само што се симнаа на Месечината… патуваат и ја откриваат вселената

}        Денес авантуристичкото образование станува вистински предизвик и за современата бизнис култура, наоѓајки своја примена и во корпоративната филозофија

Зошто вакви тури: авантуристичко-туристички

}        Согласно светските искуства, авантуристичкиот туризам може да покрие било кој вид на туристички активности, вклучувајќи две од налистаните три компоненти

◦         Физичка активност

◦         Културно наследство – размена на искуства

◦         Интеракција со природата и посветеност кон природните убавини

Главни придобивки од авантуристичките тури

}        Најголема придобивка на авантуристичкиот туризам е возбудата и стекнувањето нови искуства и знаења

◦         Авантуристичките туристи прават чекор нанапред и нанадвор од својата микро комфорт-зона (истапуваат од сивилото на своето секојдневие)

◦         (Аван)туристите се подложни на т.н. „културен шок“ кој го совладуваат низ различни активности кои од нив бараат значителен интелектуален и физички напор, како и одредена емоционална зрелост и спремност за ризик (вистински и перцепиран)

Поентата на авантуристичкиот туризам

}        Поентата на авантуристичкиот туризам и рекреација е „просветлување“

◦         Запознавање со најнеистражените и/или заборавени места во Македонија од типот на

  1. Природните богатства и реткости (пештери, водопади, реки, езера, планини…)
  2. Археолошките наоѓалишта, музеи, споменици, цркви и манастари
  3. Автохтоната архитектура…

Развивање и унапредување на off-road духот

}        Клубот 4х4.мк делува на целата територија на РМ (а повремено и надвор од неа)

}        Клубот 4х4.мк самостојно и во соработка со други организации/институции од земјата и од странство ја поттикнува и афирмира оф-роуд културата во Македонија

◦         Омасовување и развој на off-road спортот и сите активности поврзани со него

◦         Поттикнување на размена на off-road искуства и знаења

◦         Покренување иницијатива за донесување на закони и прописи за унапредување на off-road културата

◦         Подигање на сообраќајно-техничката култура на членовите на клубот како и на другите учесници во сообраќајот

Мрежа на активности на off-road клубот 4х4.мк

}        Клубот 4х4.мк соработува и ќе соработува со сите релевантни НВО-и, со спортските здруженија и со друштвата и организациите кои имаат просветно-образовен каркактер

  1. Едукација на населението
  2. Теренски истражувачки активности: анкети со наменски прашања од областа  на off-road спортот
  3. Организирање на крос кантри, рели, ендуро и брзински натпревари, како и на организација и учество/натпреварување на државното првенство
  4. Организирање на разни собири, игри, возења низ и надвор од државата, организирање на рекреативни активности и на посети на други off-road настани
  5. Здружување на сите ентузијасти и професионалци се со цел омасовување и зголемување на интересот за овој вид спорт и рекреација во РМ

 

4х4.мк Тим

contact@4×4.mk